(ФОТО) Славни мајки кои признале дека преживеале постпородилна депресија

„Буквално знаев со денови да седам на исто место на каучот, да блеам во една иста точка, без ниту малку воља и енергија на крајот на денот да се качам на спрат и да одам да си легнам во спалната соба…“
Иако доста жени после породувањето ги мешаат поимите на вистинска постпородилна депресија и онаа обична депресија, жените кои се нашле среде овој рингишпил, паника и хроничен замор, жените кои се затекнале во состојба на вистинска депресија секому ќе кажат: ако било кога се
најдете во ситуација толку да страдате, навистина да не можете да си помогнете и да видите дека едноставно немате контрола над својот живот, тоа е дефинитивно состојба во која морате да побарате стручна помош.
Без ниту малку страв и срам, бидејќи, пресметано е дека 19 отсто од денешните мајки навистина страдаат од постпородилна депресија. А, тоа е всушност исклучително голем број па поради тоа и доказ дека постпородилната депресија не смее да биде табу тема и дека за неа треба гласно да се говори.
Во тој поглед туѓите искуства се навистина „златни“, а посебно ако ги слушнеме од јаки, самосвесни и славни жени. Бидејќи, ниту тие, и покрај се’ што имаат во животот, не се никаков исклучок. И тоа е доказ дека постпородилната депресија нема никаква врска ниту со тоа каква е жената
пред породувањето ниту колку луѓе, после породувањето, има околу себе за помош.
Знаете ли кои се’ славни жени страдале од неа? Еве неколку искуства:
1. Криси Тајген
Иако денес ја нарекуваме супермајка, „badass“ мајка, мајка која држи се’ во свои раце, не шокираше нејзиното недамнешно признание.
„Знаев со денови да седам на исто место на каучот, да блеам во една иста точка, без ниту малку воља и енергија на крајот на денот да се качам на спрат и да одам да си легнам во спалната соба. Дури до таа мерка бев инертна што не се ниту преслекував ниту излегував од дома. Да не
зборувам за тоа дека постојано плачев без никаква причина…“

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

2. Хајден  Пенетиери
Сопругата на Владимир Кличко, глумица позната по својата улога на суперхероина од серијата „Херои“ исто така била една од нив. И, не се срамела да побара стручна помош за да се извлече од грозната ситуција кога толку многу му требате на бебето, а вие едноставно не можете ниту
себе да си помогнете како што треба.

3. Брук Шилдс
После раѓањето на нејзината прва ќерка Роуен уште во 2003. година Брук морала да мине тешка терапија со антидепресиви па кога повторно забременила и во 2006. година ја родила втората ќерка Гриер, била подготвена дека и овојпат би можела да подлегне на депресија па веќе пред самото породување била подготвена повторно да оди на лекување.
„Таа состојба не може да се опише. Знаете дека морате да се грижите за своето бебе кое толку долго сте го чекале, а повторно, едноставно немате сила ниту воља дури ниту да го погледнете. Јас едноставно не можев да ја гледам, не сакав да ја држам, не можев да си замислам да ја нишкам и да
и пеам. Се’ што сакав е да ме остават на мир и едноставно да исчезнам. Да умрам“.

My screen daughter! #daisywintersthefilm

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

4. Аманда Пит
„Не знам како е можно од еуфорична бременост да се спадне на толку грди чувства после породувањето, но тука едноставно нема разумен одговор. Тоа едноставно така се случува, и жените од тоа не треба да се срамат“.
Аманда Пит во 2007. година ја родила ќерката Френсис Пен и тогаш всушност не била подготвена да зборува за депресијата која ја уништила, но со годините сфатила дека за тоа сепак мора да се зборува.
„Толку жени се срамат од таа состојба, се срамат да признаат дека не сакаат да ги гледаат своите деца, страв им е да не ги осуди јавноста – а тоа е всушност најлошото што можат да си направат“, рекла Пит.

5. Кортни Кокс
Уште една забавна и јака жена, познатата „Пријателка“, Моника, минала низ слично искуство, но не веднаш по породувањето.
Откако ја родила својата ќерка Коко во 2004. година, првите шест месеци од нејзиниот живот биле волшебни, а потоа се’ се променило.
„Не можев да спијам, а бев многу уморна. Срцето почна да ми прерипува, станував се’ подепресивна и се’ повеќе склона кон напади на паника кои ме убиваа во поим. Ниту не наслутував што ми се случува се’ додека лекарите не открија дека страдам од постпородилна депресија која едноставно настапила нешто подоцна од обично“.
Така што ете доказ дека таквата променета состојба не мора нужно да настапи веднш по породувањето за да тие симптоми можете веднаш да ги поврзете со оваа дијагноза.

6. Гвинет Палтроу
Уште една јака жена говори за своето искуство кое исто така би можело да им помогне на мајките. Имено, и таа страдала од депресија, но не со нејзината прва ќерка Ејприл која е родена во 2004. година, туку со синот Мозес кој стасал две години подоцна.
„Во почетокот не сфаќав што ми се случува, но дефинитивно сфатив дека не сум истата како после раѓањето на ќерката. Со него едноставно никако не успевав да се поврзам. Буквално се чувствував како зомби, се’ додека маж ми не рече да побарам помош бидејќи можеби сум болна од постпородилна депресија. Тоа негово сознание ме шокираше, но штом прочитав кои се’ симптоми се врзуваат за таа дијагноза веднаш знаев дека ја имам“.

 

7. Дру Баримур
И’ таа ја искусила истата работа како Гвинет. Првата бременост, првото породување, првата ќерка (Олива) – се буквално совршено, а потоа втора бременост, втора ќерка (Френки) и се’ толку поразлично од првиот пат.
„Тоа е она што најмногу ме збуни, но и ми ги отвори очите“.

#happyplace #amtrak #sunday

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore) on

8. Лиса Рина
Нејзиното искуство е дури можеби и најмногу она искуство кое мораме да го слушнеме. Имено, откако ја родила првата ќерка чувствувала дека со неа нешто не е во ред, но поради срам и страв едноставно одлучила да ги крие своите емоции. А тоа, не само што ја влошило нејзината состојба туку скоро влијаело и на распаѓањето на нејзиниот брак, само затоа што за таа постпородилна депресија тогаш не се говорело како денес.
„Можев да загубам се, баш се чувствував лошо, а се плашев било кому да му кажам што ми се случува“.

Tommy head to toe by @bryant #tommyhilfiger

A post shared by Delilah Belle (@delilahbelle) on

9. Селин Дион
После породувањето со близнаците во 2010. година и’ неа и се случила „чудната состојба“.
„Во една секунда се смеете, ги обожувате, а веќе во другата повеќе не можете да ги запрете солзите кои без причина се сливаат низ лицето и вие сфаќате дека едноставно немате контрола над своите емоции“.

 

10. Аланис Морисет
За разлика од многу мајки кои сведочат за своите емотивни успеси и падови за време на постпородилната депресија, славната пејачка искусила и нешто полошо.
„Освен депресивните состојби кон кои имав релативни склоности и пред бременоста, ме шокираше она што го проживував полни 15. месеци после породувањето. Тоа не беше само емотивна болка, јас буквално чувствував физички болки во своето тело. Постојано ме болеше главата, мускулите,
зглобовите, бев толку слаба и истоштена од болка што за секоја, дури и најмала ситница ми требаше толку енергија која најчесто не ја наоѓав во себе. Едноставно, често не можев ниту да се помрднам ниту да направам било што од болката која буквално би ме спречила да бидам мајка каква силно сакав да бидам“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Marella Stories: Катерина Ангеловска за успехот, духовниот развој, и нивното влијание на нашиот стил

Marella Stories ги истакнуваме успешните дами кои се познати не само по своите достигнувања, туку и …