(ФОТО) Им се инаети на годините: Сузана Манчиќ (61) ја открила тајната на својот изглед но и содржината на документарецот за неа!

„За тоа е заслужна и мојата Наталија, таа е иден професионален фотограф и таа знае како треба да ме слика. Јас и велам: ’Наталија, сликај ме нозете да ми бидат долги и вити’“, рекла Манчиќ…
Бившата лото девојка, Сузана Манчиќ (61), за српски Курир ја открила тајната на својот убав изглед во седмата деценија.
„Јас малку ’удирам’ бјути, но добро, фигурата си е фигура.За тоа е заслужна и мојата Наталија, таа е иден професионален фотограф и таа знае како треба да ме слика. Јас и велам: ’Наталија, сликај ме нозете да ми бидат долги и вити’“, рекла Манчиќ која може да се пофали со завидна линија.
„Нема вишок. Дури и не вежбам,претпоставувам дека таква ми е сортата, во овие години, вишокот се таложи на стомакот, но јас внимавам што јадам“ додала Сузана.
Инаку, бившата лото девојка неодамна ја прифатила понудата на украинската телевизија, да снимат документарец за нејзиниот живот и да прикажат домашни „секси видео снимки“. Манчиќ во бившата држава била една од најфаталните жени.
Сузана во документарецот би требало да ги открие најшокантните детали од приватниот живот. Бившата лото девојка, наводно, ќе раскаже, како одбивала „многу криминалци“, била сведок на пукање и како „излегла“ од сето тоа.
Покрај тоа, Манчиќ ќе открие и’ имиња на познати мажи кои „ја опседнувале“ додека бил секс симбол на бивша Југославија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …