(ВИДЕО) Русија ќе ја бојкотира „Евровизија“ поради „геј“ спотот од Ирска

Спотот за песната „Together” на Рајан О’Шонеси, претставникот на Ирска на годинешната „Песна на Евровизија’ прикажува две момчиња кои се држат за раце, шетаат по градот и танцуваат, што се спротивствува со руската забрана за геј пропаганда.


Русија најавила дека на телевизија нема да го емитува промотивниот спот на ирскиот натпреварувач, што, според правилата на организаторите, би можело да и донесе дисквалификација и забрана на учество од три години. Нема правило на ниво на натпреварот кое би и дозволило на Русија да не емитува само една од сите песни.
О’Шонеси на Твитер руската закана ја нарекол „блеф“ и „урнебесно смешна“. Подоцна твитувал фотомонтажа на која се ракува со шефот на Руската федерација, Владимир Путин, и напишал „Од Русија со љубов“.

Ова не е првпат Русите да направат драма на Евросонг. Кога Австрија во 2014. година ја најавила Кончита Бурст, Русите го разгледувале бојкотирањето на натпреварувањето. А, кога Кончита победила, тогашниот министер за култура тоа го искористил да ја повика на запирање на евроинтеграцијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …