Циклонот Хектор ја продолжува зимата: Се очекува големо невреме

Под влијание на циклонот по име ХЕКТОР за време на овој викенд не очекува нова ГОЛЕМА промена на времето.
Во сабота ќе биде невообичаено топло, спарно, тешко и многу ветровито со засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина дури до околу 100 км/час.
Времето ќе биде променливо облачно а веќе од попладневните часови најпрвин на запад а подоцна насекаде ќе има врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.
На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално можни се ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследенисо засилен ветер, електрични празнења и услови за град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во сабота во нашата држава големо влијание ќе има моќниот циклон ХЕКТОР и веќе како што најавивме ќе услови врнежи и грмежи а локално не се исклучува можноста и за ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.
Сепак во оваа анализа ќе обрнеме внимание на ветерот кој многу ќе го има во денот сабота што значи тој ден ќе биде МНОГУ ВЕТРОВИТ.
Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе има ОЛУЈНИ удари па така брзината на некои места можно е да достигнува дури и до преку 100 км/час.
Во ваква ситуација на граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ каде се движат а своите автомобили да ги ставаат подалеку од дрвја и бандери за да не дојде до некоја несакана ситуација.
Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да се заштитат.
Невообичаено ниски температури на воздухот (пониски од нормалните за овој дел од годината дури за 10 степени), засилен ветер, врнежи од дожд и снег и формирање на снежна покривка и на некои од ниските места а на планините ГОЛЕМО зголемување на истата.
Ваква е сликата за Балканскиот Полуостров за време на викендот и на почетокот од следната недела.
Од овој поларен бран со невообичаено ниски температури на воздухот кој ќе се спуштат длабоко под нулата ќе бидат најмногу погодени земјите од северен и од северозападен Балкан поточно: Словенија, Хрватска и Босна додека кај нас барем според моменталните анализи температурите на воздухот ќе бидат далеку повисоки но снег ќе има на повисоките места и на планините и формирање или значително зголемување на снежната покривка, најавуваат од meteomax.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 81 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Нема пријавено починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …