Вонредна прогноза: Нов топол бран но и циклон во наредните денови!

Во следните неколку денови а особено во петок и сабота територијата на нашата држава ќе биде зафатена од нов невообичаено топол бран со потекло од северните предели на Африка кој ќе услови невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
Сепак поради силното јужно и југозападно воздушно струење повторно од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок а релативната влажност на воздухот ќе биде релативно висока па токму поради ова времето ќе биде МНОГУ МАЧНО па и спарно а температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
Во ваква ситуација кај граѓаните ќе се појави мачнина и главоболка како и повремена нервоза а пак кај оние што се оперирани можни се болки на местата од старите рани.
Кај метеопатите исто така се можни болки во коските, главоболка, несоница, тежина во главата како и нервоза. Исто така ќе започне да дува и засилен јужен ветер.
Покрај сето ова овој викенд доаѓа и нов циклон кој го носи името ХЕКТОР и токму овој циклон ќе услови нови поитензивни врнежи проследени со грмежи а можна е и локална изразена нестабилност, најавуваат од meteomax.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – Во текот на изминатите 24. часа регистрирани се 4. починати лица (+3 починати од Мој Термин): Денес се регистрирани 411 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 …