Од расположението кое го имаме наутро ни зависи целиот тек на денот. Постои начин со кој ќе го започнете денот на поинаков начин, полни со енергија и добро расположение.
Комбинацијата на куркума и црн пипер го активира хормонот за среќа, а кога ќе додадете сок од лимон ќе направите еден вид на „инјекција“ со која ќе го разбудите вашето тело. Семето од чиа е задолжително за да добиете дополнителна енергија, додека циметот ја подобрува мозочната активност.
Состојки:
1/2 лажичка куркума
1/2 лажичка цимет
прстофат црн пипер
1 лажичка чиа семки
1 лимон
По желба мед или листови од нане
Подготовка:во една чаша ставете малку врела вода и ставете ги чиа семките минута-две за да набабрат. Додајте ги зачините и измешајте добро за да не се создадат мали грутчиња. Додадете цеден лимон и дополнете со вода. По желба додадете мед или листови нане.

(ФОТО) Чиа семе за моќен почеток на денот
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.