Топол викенд со умерена облачност

Полека од запад кон нашата територија се приближува нов влажен бран кој во петок ќе услови повремени врнежи од дожд кој на некои места ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и тоа особено на запад каде локално ќе наврнат околу па и над 20 л/м2 воден таго а поради затоплувањето и јужното воздушно струење снег ќе паѓа само на највисоките планински места. Сепак ќе има и локална појава на замрзнат дожд и дожд кој со допирот на тлото директно се смрзнува а локално сеуште ќе има и врнежи од снег особено на повисоките места и на планините.
Не се исклучува можноста и за ретки грмежи а ќе започне да дува и јужен ветер со умерен, повремено на некои места и со засилен интензитет па токму ова ќе услови пораст на температурите во втората половина на оваа ноќ.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 4 до 10 степени.
За време на викендот ќе имаме уште поголемо затоплување на времето кога од југ ќе продре уште потопла воздушна маса што ќе услови ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите на воздухо. Така во сабота максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 8 до 16 степени додека во недела од 9 до 17 степени што значи овие температури се натрпосеќни и типично пролетни.
Сето ова ќе доведе до НАГЛО ТОПЕЊЕ на снежната покривка како на пониските така и на повисоките места но и на планините па така поради ваквата ситуација се очекува зголемување на нивоата на реките и езерата во државава како и пораст на водотеците.
Во ваква ситуација на возачите им препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ доколку се движат во близина на водотеците затоа што постои можност истите локално да се излеат поради тоа што се работи за брзо топење на снежната покривка.
Времето ќе биде променливо и натпросечно топло со сончеви периоди особено во сабота но и со повремени локални врнежи од дожд додека снег ќе паѓа само на високите планини, најавуваат од  meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се чествува Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Во времето на прогонството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена …