Спортскиот Оскар за одличниот Федерер и на Серена, награда добил и Тоти!

„Среќен сум и горд бидејќи оваа награда многу ми значи“ рекол Роџер Федерер кој славел пред фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо и својот колега тенисер, Шпанецот, Рафаел Надал.
Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер и американската тенисерка Серена Вилијамс се добитници на престижната награда „Лауреус“ за најдобри спортисти во 2017. година. Федерер добил и награда за повратник на годината и сега има вкупно шест Луреуси.
„Среќен сум и горд бидејќи оваа награда многу ми значи“ рекол првиот тенисер на светот,Роџер Федерер кој славел пред фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо и својот колега тенисер, Шпанецот, Рафаел Надал.
Во женска конкуренција немало многу неизвесност, Серена Вилијмс убедливо по четврти пат го освоила „спортскиот Оскар“.
Наградата за најдобра екипа ја добила екипат на Формула 1 на Мерцедес, наградата за животно дело ја добил американскиот атлетичар Едвин Мозес, додека посебно признание добил италијанскиот фудбалер Франческо Тоти.
Кај спортистите со инвалидитет славел атлетичарот во количка, Швајцарецот, Марсел Хуг.
Наградата „Лауреус“ е покрената во 2000. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕКРАСНИ ВЕСТИ: Кристијан Ериксен пуштен од болница и ги посетил соиграчите

Играчот за врска на данската репрезентација, Кристијан Ериксен, беше пуштен од болница шест дена откако …