Среда ќе биде постуден ден во однос на вторник. Наутро минималната температура локално на повисоките места ќе се „спушти“ до околу -12°С, додека низ поголем дел од котлините минималната ќе има вредност помеѓу -6°С и -10°С.
Денот ќе биде облачен, со повремен снег рано наутро во поголем дел од земјава. Слаб снег ќе провејува се’ до рано попладне во крајните источни и западни планински делови како и во околината на планинскиот масив околу врвот Солунска Глава. Во текот на вечерта се очекува разведрување, што ќе биде предуслов плус за во четврток наутро да го очекуваме најстуденот утро во оваа календарска зима.
Ќе дува слаб, локално умерен северен ветер.
Максималната вредност на температурата ќе биде речиси насекаде под 0°С, односно помеѓу -4°С и 0°С во котлините од северниот и западниот регион, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 2°С.
Скопската котлина очекува облачно време со врнежи од снег само во раните утрински часови. Денот ќе биде облачен, но без врнежи. Доцна попладне очекуваме постепено разведрување.
Температурата ќе има минимална вредност околу -9°С, а максимална вредност околу -3°С, најавуваат од meteopro.mk .
Снегот кој изминативе денови паѓа во Скопје најверојатно нема да го дочека крајот на неделата. Слично ќе биде и во останатите градови низ Македонија.
Метеоролозите велат дека топол воздух ќе го истисне арктичкиот бран од овој дел на Европа и до крајот на неделата ќе имаме значително повисоки температури кои според најавите ќе бидат над просекот за почетокот на март и се очекува да се за околу 20 степени повисоки од актуелните.
Сепак, до тогаш треба да го издржиме арктичкиот бран кој врвот ќе го има утре кога температурите ќе се спуштат и до 20 под нула, а во Скопје до минус 15.
Во минус цел ден ќе бидеме уште во четврток, а од петок почнува топење на снегот и температура во позитива како минимум и 4 максимални во текот на денот.
Во сабота и недела ќе почне да заличува на пролет со температури над 15 степени но и врнежи од дожд. Сончево време се очекува од понеделник со дополнително затоплување.
Метеоролозите најавуваат пресврт: До крајот на неделата пролетни температури
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕