(ВИДЕО+ФОТО) Меланија Трамп конечно проговорила: Пленела во белиот фустан!

Првата дама, Меланија Трамп после неколку месеци одлучила да и се обрати на јавноста. А, имала и добра причина.
Имено, првата дама им дала поддршка на младите кои направиле движење кое се бави со контрола на оружјето во Америка…
Во нејзиното прво јавно обраќање, после неколку месеци, најмногу поради откривање на аферата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп и порно ѕвездата Сторми Даниелс во јануари оваа година, госпоѓа Трамп изјавила дека е трогната со движењето кое го покренале младите и дека се надева на промени кои ќе спречат масовни убиства по школите кои не престануват да се случуваат ширум Америка.
„Трогната сум со сите тие деца ширум нашата земја кои го користат својот глас и се обидуваат нешто да променат. Тие се нашата иднина и заслуживаат глас“.
Меланија за оваа пригода избрала тесен бел фустан кој ја нагласил нејзината фигура.
Иако Доналд Трамп ги отфрлил обвинувањата дека и бил неверен на сопругата, прашината не слегнува. Очигледно дека Меланија застанала покрај својот сопруг и одлучила да тргне понатаму.
Погледнете го целиот говор на првата дама:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …