Sony ги претстави „радикално“ изменетите Xperia XZ2 и XZ2 Compact

Sony го претстави својот најнов адут на пазарот со паметни телефони и неговата „помала копија“ – станува збор за телефоните Xperia XZ2 и XZ2 Compact.

Sony одлучи радикално да го промени својот досегашен изглед на телефони, повеќе насочувајќи се кон сјајот, заобленоста, стаклото и малите рабови, отколку кон острите карактеристични агли и металот.Поголемиот примерок е XZ2 кој што пристигнува со 5,7-инчен дисплеј со резолуција од 2160х1440. Иако рабовите се прилично мали, од Sony успеале да ги задржат стерео звучниците. Задната камера е позиционирана на средината, а веднаш под неа е сместен сензорот за отпечатоци на прсти кој што досега беше поставен на левата страна.Како и секој флегшип модел, Xperia нуди снимање во 4К резолуција, а вреди да се спомене дека поддржува и опција за снимање на забавени снимки со 960 FPS.


Од Sony одлучија да го отстранат 3,5-милиметарскиот аудио влез, но телефоните нудат репродукција на аудио со виок квалитет преку Bluetooth.Xperia XZ2 и XZ2 Compact се опремени со процесор Snapdragon 845, 4GB RAM и 64GB интерна меморија. Тоа значи дека помалиот XZ2 Compact е речиси ист како и главниот адут XZ2, но со помали димензии (5-инчен дисплеј), поликарбонатска позадина наместо стакло и батерија со помал капацитет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Одредени ФИНАЛИСТИТЕ на Националниот избор на „Автомобил на годината во Македонија“ за 2023

Националното стручно жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 28. пат …