(ФОТО) Моника Левински 20. години после аферата со Бил Клинтон: Сега знам дека не сум сама!

Моника Левински за „Ванити Фер“ напишала есеј на тема #MeToo и како целата кампања каде жените проговориле за разните облици напади ја промениле нејзината перспектива…
Кога во 1988. година во јавност се појавила нејзината афера со тогашниот американски претседател Бил Клинтон, тоа, без сомнение, биле најмрачните денови на нејзиниот живот.
Денес, 20. години подоцна, Моника никогаш не била појака и поуспешна. Во Калифорнија, после аферата, дизајнирала ташни и промовирала препарати за слабеење. А, во 2005. година се преселила во Англија и дипломирала психологија.
Денес, е активистка и предава на факултет и повеќе не сака да биде жртва.
44. годишната Моника признала дека страда од пост трауматско стресно пореметување., а смета дека за време на истрагата се случила и злоупотреба на власта. Дури и’ главниот тужител за време на нивната средба на божиќната вечера ги преминал границите на добриот вкус.
„Ми ги допираше раката и лактот. Ми беше неверојатно непријатно“ рекла Левински.
Откако се појавила приказната со холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн против кого се покренати повеќе од 60. обвинувања за сексаулно злоставување, почнала да добива пораки на поддршка.
„Ми олесна. Знаев дека во ова борба повеќе не сум сама“ рекла Левински која цел живот го носи бремето од аферата со бившиот претседател Бил Клинтон (74).
И’, додека нему и’ јавноста и сопругата Хилари сепак му ја простиле аферата, таа долги години морала да се бори со последиците. Таа авантура, ја обележала нејзината кариера бидејќи, после се, никој не сакал да ја вработи. Во тој период, била тажна и вон себе,а се’ поради прејадување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …