(ФОТО) Ким Кардашијан го покажала и третото дете: “Многу ме измачува тоа што не ја носев јас девет месеци”

Ким своето трето дете го доби по пат на сурогат мајка, поради компликациите во првите две бремености, па одлучила да ангажира жена која ќе го носи 9 месеци нивното бебе. Она што во текот на целата бременост беше контроверзно и сите сакаа да знаат – која беше сурогат мајката?

Познатата старлета Ким Кардашијан Вест синоќа го претставила третото бебе, малата Чикаго која беше родена на 18. јануари оваа година, од сурогат мајка. Ким овој пат не го носеше своето дете, поради проблеми со претходните две бремености, па таа и нејзиниот сопруг Канје Вест одлучија да имаат уште едно дете по пат на сурогат мајка.
Малото бебенце синоќа се појави на Инстаграм профилот на својата мајка, а комплиментите пристигнуваат од сите страни.
“Бебе Чикаго”, кратко и јасно напиша Ким под фотографијата која беше проследена со многубројни коментари и пет милиони “лајкови”.


Baby Chicago

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on


Малата Чикаго, според изјавите на членовите на семејството, била мирна и преслатка, а веќе ужива во луксузот и богатството на познатите родители. Како што пренесува телевизијата “E News”, собата на новороденчето била украсена со детски украси и детали кои чинат 75.000 долари.

“Наликува по малку на Норт, но и на Сејнт. Таа е вистинска комбинација од нив двајца”, вели Ким за “E News”.
Ким своето трето дете го доби по пат на сурогат мајка, поради компликациите во првите две бремености, па одлучила да ангажира жена која ќе го носи 9 месеци нивното бебе. Она што во текот на целата бременост беше контроверзно и сите сакаа да знаат – која беше сурогат мајката?

Додека едни тврдеа дека се работи за анонимна дама која има 27 години и веќе има родено свои деца, некои сметале дека се работи за полусестрата на Ким, Кајли Џенер. Сега кога и двете добија ќерки, очигледно е дека Кајли не е сурогат мајката на Ким.

“Не знам дали бев доволно блиска со мојата ќерка. Многу ме измачува тоа што не ја носев јас 9 месеци. Без разлика на сите потешкотии кои ги имав во претходните бремености, за мене тоа создаде посебна врска со Норт и Сент. Сега со Чикаго се трудам многу повеќе, да не почувствува дека едно време сме биле разделени”, објасна Ким за своето мајчинство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …