(ФОТО) Хедер Локлир завршила во затвор: Ѕвездата на „Династија“ нападнала полицајци!

Ѕвездата на Тв серите „Династија“ и „Мелороуз Плејс“, 56. годишната Хедер Локлир е уапсена поради семејно насилство и напад на полицаец.
Според медиумските написи полицајците биле повикани во неделата навечер во
калифорнискиот дом на глумицата Хедер Локлир откако нејзиниот брат, влегувајќи во домот, ја затекнал сестра си во физичка пресметка со маж.
Извор на американскиот TMZ рекол дека станува збор за Криос Хеисер, нејзина средношколска љубов со кого, според неговите зборои, и порано се судирала.
Со влегувањето во калифорнискиот дом полициските сили откриле дека идентификуваниот маж имал видливи повреди по телото. Во обид за смирување на 56. годишната глумица и возењето во затвор, Хедер Локлир физички нападнала тројца полицајци.
После инцидентот глумицата била одведена во болница, на евалуација, а потоа е префрлена во затвор под обвинение за семејно насилство и напад на службени лица.
Со плаќање на кауција 56. годишната глумица била пуштена на слобода, а последните месеци на Инстаграм често објавувала фотографии на својот нов избраник, а пред неколку дена и фотографија од патувањето во Бостон со домашниот миленик.

Thankful for you


A post shared by Heather Locklear (@heatherlocklear) on


Хедер Локлир во брак била два пати. Прво со Томи Ли, тапанар на бендот „Motley Crue” и бивш сопруг на Памела Андерсон, а потоа и со Ричи Самбор, гитарист на бендот „Бон Џови“ со кого била во брак од 1994. до 2007. година и со кого ја има 20. годишната ќерка Ава.

Mister n Me on our way to Boston

A post shared by Heather Locklear (@heatherlocklear) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …