Оцет од јаболко во служба на убавината: 10. помалку познати примени на течноста вредна како злато!

Само едно шише од овој фантастично ферментиран оцет може да влијае на се – од перут до изгореници
Оцетот од јаболко е сигурно една од најславните бјути состојки последните неколку години. На социјалните мрежи, буквално сите, од познатите до топ експерти за убавина, често и отворено зборуваат за тоа зошто секогаш имаат резерви од овој оцет. Само едно шише од овој фантастичен ферментиран пијалок може да влијае на се’ – од перут до изгореници.

1. Како тоник
Со оглед на тоа дека има антибактериски својства, извонреден е како тоник – се’ што треба да направите е да измешате малку оцет со дестилирана вода и да го избришете лицето. Сигурни сте од бубулки и акни.

2. Против перут
Природната киселост и чистота на јаболковиот оцет го остава чист коренот на косата а притоа сузбива и ново создавање перут. Направете сами своја мешавина против перут така што ќе измешате јаболков оцет со вода и ќе го ставите во шише со распрснувач. После миењето на косата ишприцајте со оваа мешавина и подоцна измијте ја косата.

3. За осветлување на косата
Сакате природни прмени: Испробајте го овој трик „направи сам“ – измијте ја косата со јаболков оцет, кој моментално ќе нагласи светли тонови во вашата коса, без оглед дали сте бринета или русокоса.

4. За ублажување изгореници од сонце
На тоа сигурно не сте се сетиле, но бидејќи има противвоспалителни својства ќе го забрза опоравувањето. За брзо олеснување измешајте вода со јаболков оцет и ставете на изгорените места.

5. За слабеење
За забрзување на метаболизмот, секое утро на празен желудник испијте јаболков оцет во топла вода, а потоа појадувајте.

6. Против лош здив
Јаболковиот оцет ги убива бактериите во усната шуплина. Едноставно, како со течност за измивање уста, малку оцет држете во устата, некои 20 – 30 секунди а потоа исплукајте.

7. Против флеки на ноктите
Ако ноктите ви пожолтеле од лак за нокти, можете да ги опоравите така што ќе ги потопите во јаболков оцет. Нема да успее од првпат, но со тек на време ќе ги отстрани флеките.

8. Против бубуљици
На стапче за чистење уши ставете малку јаболков оцет и притиснете на бубуљицата – неговото противвоспалително и антибактериско делување ќе ги намали на половина.

9. За смирувачка купка
Ако сакате помалку изиритирана кожа, во купката ставете неколку капки јаболков оцет. Прекрасно ќе ви ја смири кожата.

10. Против каснувања на инсекти
Иако нема да ги одбие инсектите, ќе ги ублажи и максимално ќе го смири
непријатното чувство после каснувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …