Живееме во комплицирани времиња. Од една страна, добро е да има иницијатива Холивуд да се исчисти од сексуалните злоставувачи и силувачи. Од друга страна, работите излегле од контрола и се’ по малку потсетува на класичен лов на вештици, а во виорот настрадале и оние кои по ништо не заслужуваат да бидат во иста категорија со Харви Вајнстајн од кого се’ почнало…
Тоа е посебно видливо на најразвиканото доделување филмски награди, Оскарите, кои и оваа година се исчистени од чудните ликови како што е тоа случај со Џејмс Франко и Кевин Спејси.
Но, Холивуд отсекогаш бил попустлив кон поединците кои политички коректните маси не можат да ги поднесат. И’, додека од една страна имаме згрозени, од друга ги имаме оние кои уживаат во фактот дека холивудските лоши дечки добиле втора шанса.
Мел Гибсон
Гибсон во еден момент бил најголема филмска ѕвезда. Со ист успех одработувал романтични комедии, акциски филмови и оскаровски материјал. Меѓутоа, работите во еден момент излегле од контрола, а Гибсон како да се трудел во што покус период да „распизди“ што повеќе душегрижници.
Кога го снимал „Хрбро срце“ го прозивале поради хомофобија, кога ја режирал „Пасија“, поради антисемитизам, а потоа пијан седнал зад воланот и дури и’ најголемите обожаватели ги убедил дека обвинувањата за антисеитизам не се без основа.
„Проклети Евреи…Евреите се виновни за сите војни во светот. Дали си ти Евреин?“ го прашал полицаецот кој го запрел.Но, иако во теорија кариерата му била завршена, Гибсон се извинил и се извинувал се’ додека не постигнал големо враќање со „Hacksaw Ridge“.
Меѓутоа, најмногу му замериле за застрашувањата за физичко и психичко злоставување на бившата девојка Оксана Григориева која ги снимила неговите лудачки телефонски закани во кои изјавува дека ќе ја убие, силува и закопа во градинтаа.
Кевин Спејси
Иако и порано бил на лош глас како глумец кој е неколегијален, склон кон претераното величење на самиот себе и сфаќајќи го она што го работи премногу сериозно, факт е дека таквото однесување не значи автоматски и црвен картон. Оскарите за „Приведете ги осомничените“ (најдобра споредна улога), и „Вртлог на животот“ (најдобра главна улога) го лансирале во А-лигата, иако нанижал и
големи неуспеси.
Меѓутоа, она според што долго само се шушкало станало вест на денот. Имено, Спејси има долг список на мажи кои го обвинуаваат за сексуално вознемирување и напад. Некои од нив биле малолетни. Четиринесет мажи отворено проговориле за неговото однесување, а се смета дека ги има уште најмалку 20. кои само ја чекаат својата шанса.
А, кога го обвиниле, одлучил да излезе од орманот и на себе го навлекол бесот на заедницата.
Вуди Ален
Иако само ретки веруваат дека Вуди Ален ја силувал својата ќерка Дилан, кога имала само седум години, на многумина не им е тешко да поверуваат во таа приказна. Додуша, малку е гадлива серијата на јавни одрекувања на глумците кои се појавиле во неговите филмови, но уште погадлив е неговиот потег поради кој многумина го презираат.
Имено, Миа Фароу во негова сопственост пронашла разголени фотографии од усвоената черка Сон-Ји Превин кои ги снимил неколку недели пред да започнат врска. Олеснителна околност е тоа дека Сон-Ји во тоа време имала 21. година, но езиво е што од од осмата година и бил очув.
Се појавиле многу обвинувања дека се обидел да заведе 18. годишни, но он што најмногу му се замерува секако е дека својата сопруга јаа изммил со своите ќерки. Вистина е дека во брак биле повеќе од 20. години, но тоа не го менува она што го направил.
Дастин Хофман
Се’ до минатата година Дастин Хофман бил холивудски добар дечко. Човек кој на прв поглед нема ниту една дамка. Сепак, се покажало дека тоа не е точно.
Имено, во ноември минатата година Ана Грахам Хантер изјавила дека Хофман ја навредувал и допирал на снимање, кога имала само 17. години, а сето тоа се одвивало пред екипата на снимање на филм.Набргу потоа се појавиле приказни дека на снимањето на „Крамер против Крамер“ и удрил шамар на Мерил Стрип, а набргу потоа уште четири жени излегле со приказни дека Дастин Хофман се соблекувал пред нив, насилно им се додворувал и сексуално ги напаѓал.
Роман Полански
Во доцните седумдесетти славниот режисер ја дрогирал и силувал 13. годишната Саманта Гелмер, а на судењето во 1978. ја признал вината. Откако се појавиле шушкања дека судијата нема намери да ја намали неговата казна туку да му додели долгогодишен затвор, Полански избегал од земјата. Иако Гелмер подоцна барала судот да биде попустлив во неговиот случај, фактите се непобитни – Полански силувал 13. годишно девојче.
Но, со текот на годините се појавиле и нови обвинувања. Шарлот Луси изјавила дека Полански ја земал „на сила“ кога имала само 16. години, друга тврди дека ја силувал кога имала 15. години, а една од жртвите тврди дека имала само 10. години.
Режисерот тврди дека сето тоа е зад него, а со текот на годините имал поддршка од американските и европските колеги. А, и Академијата во 2003. година го наградила со Оскар за најдобар режисер.
Харви Вајнстајн
Дури 84. жени го обвиниле Вајнстајн за работи како што се злоставување, непрофесионално однесување, соблекување пред нив, допирање, сексуална присила, сексуален напад и силување. Покрај сето тоа, со годините развил систем кој му овозможил да се зштити од обвинувања така што уценувал, потплатувал, ангажирал бивши припадници на Мосад да ги следат оние на кои вршел притисок и да им ги уништува кариерите на жените кои не се согласиле да спијат со него.
Неговата приказна и’ го покренала овој преврат во индустријата, но дел од проблемот е и тоа што станувало збор за јавна тајна. За неговото однесување знаеле многумина од оние кои денес се згрозуваат. Само ретки искажале искрено жалење поради фактот дека не направиле повеќе иако знаеле што прави.
Иако според многу нешта тој е најлош на листата, во исто веме е и човек со најмногу Оскари. Имено, во својата кариера, како водечки човек на Miramaxa и The Weinstein Company, филмовите зад кои зстанал освоиле 82. Оскар во различни категории, а бројот на номинации можеби е и четири пати поголем. Додуша, единствен Оскар со неговото име бил оној за најдобар филм од 1998. година, „Вљубениот Шекспир“.