На својот Инстаграм профил Новак Ѓоковиќ објавил фотографија на која е „фатен“ моментот кој му го обележал животот, кога првпат зачекорил на тениски терен.
Тогаш никој не можел ниту да замисли кои се’ успеси ќе наниже и со каква светска слава ќе се здобие ова мало момченце.
„Планината Копаоник е едно од моите омилени мест во светот. Првпат на теренот со розев рекет“ напишал Ѓоковиќ во описот на сликата потсетувајќи се на своето детство.
„Ти си легенда“, „Прекрасно“, „Секогаш насмеан“…се само некои од исклучиво позитивните коментари кои ги добил тенисерот, а некои му порачале дека би требало што почесто да ги радува со вакви фотографии.