(ФОТО) Брзо и лесно: Корпички со сирење

За вкусна храна не ви требаат многу состојки. Тоа го докажува и овој едноставен рецепт за корпички со сирење од само три главни продукти и неколку зачини.
Состојки:
400 г карфиол
200 г топено сирење
1 јајце
Зачини по желба:
1/4 лажичка лук во прав
1/4 лажичка оригано
сол, црн пипер
Подготовка:рерната вклучете ја на 190 степени.
Карфиолот во насолена вода варете го околу пет минути, или омекнете го во микробранова рерна, седум до осум минути.
Карфиолот иситнете го со блендер, смесата префрлете ја во чиста памучна крпа па иседете ја водата.
Карфиолот измешајте го со јајцето, сирењето и зачините. Се’ убаво измешајте. По една лажица од смесата ставајте во калапи за мафини, претходно намачкани со путер или маргарин. Печете 10 – 12 минути додека врвот не добие златно – кафеава боја.
Послужете топло.
Совет плус: корпичките можете да ги послужите за појадок, да ги однесете на работа како ужинка или за вечер со некој фин сос.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

8. ПРИЧИНИ ЗОШТО ЖЕНАТА ИЗМАМУВА: Поради ОВА секоја ќе направи прељуба!

Кога жената доаѓа во овие 8 ситуации, таа обично прибегнува кон прељуба Од детството, жените …