(ВИДЕО) Поради реклама во Индија на Пирс Броснан му се заканува затвор

Актерот Пирс Броснан се соочува со затворска казна од две години поради појавување во индиска реклама за освежувач на здив. Проблемот, велат властите, не е во производот, туку во фактот што освежувачот содржи состојки што предизвикуваат зависност.
Индискиот бренд во кампањата користел фотографии и видео инсерти од Броснан. Но, во Индија од 2003 година постои забрана за рекламирање тутунски производи во кој било облик. Спорниот освежувач, освен плодови и семки, содржи и состојки што наводно можат да предизвикаат рак.


„Веднаш го известивме господинот Броснан за проблемот, бараме да ни објасни зошто учествувал во таква кампања. Ако не ни одговори во рок од десет дена, му се заканува парична казна од 5.000 рупии (78 долари) или затвор до две години“, изјавиле надлежните.
Броснан изјавил дека е шокиран што неговиот лик е користен за промовирање потенцијално опасен производ. Наводно, тој верувал дека се работи за здрав производ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …