(ФОТО) Мозоците на Холивуд: Имаат висок IQ а решиле да бидат глумци

Качер како Хокинг има IQ 160, а Синди Крафорд 154. Иако има предрасуди дека жителите на Холивуд се површни и опседнати со слава и пари некои ѕвезди се натпросечни интелигентни, а наместо академски кариери се посветиле на уметноста.

Лиса Кудроу
Актерката се прослави со улогата во „Пријатели“ каде што ја глумеше Фиби. Приватно, Лиса (54) е далеку од својот лик. Нејзиниот коефициент на интелигенција наводно изнесува 150, а дипломирала биологија. Кудроу сакала да се посвети на истражување на причините за главоболка, како и нејзиниот татко. Но, по 8.годишно работење со него, потполно се посветила на актерството. Таа е потпишана и како соработник на едно истражување за облиците на силни главоболки.

loading...

Синди Крафорд

Во осумдесеттите и деведесеттите оваа манекенка беше најпопуларниот супермодел во светот. Манекенството го избрала наспроти хемиското инженерство, кое го студирала на научниот универзитет Нортвестерн во Илиноис. Коефициентот на Синди Крафорд, наводно, изнесува 154. Иако после 50. ттата отишла во пензија, таа и денес се појавува на страниците на познатите списанија и е заштитно лице на познати козметички брендови.


Шакира

Славната Колумбијка, која се прослави во 2001 година, магазинот „Форбс“ ја прогласи за една од највлијателните жени во светот. Таа уште од почетокот на својата кариера ги пишува сопствените песни на англиски и шпански јазик. Зборува и’ француски, италијански, каталонски и арапски. Вљубеник е во културата и историјата. Во својата родна Колумбија финансирала изградба на две училишта. Нејзиниот коефициент изнесува 140.


Квентин Тарантино
Режисерот тврди дека неговиот коефициент на интелигенција е 160, еднаков со оној на Ајнштајнни Стивен Хокинг. Тарантино (54) се отпишал од училиште на 15-годишна возраст и го посветил животот на филмовите. Како вработен во видеотека ги пишувал своите први сценарија.
„Кога ќе ме прашаат дали сум одел на училиште за филм им велам:’Не, одев на филмови’“, рекол режисерот на култните филмови „Пеколен шунд“ и „Кучињ од резервоар“.

Џејмс Вудс

Глумецот се запишал на студии по политички науки, но не дипломирал бидејќи во меѓувреме се вљубил во режија и глума. Од факултетот се откажал на последната година и се посветил на кариерата. Неговиот талент го открил Тим Афлек, татко на познатите браќа Бен и Кејси, кој тогаш работел како управник на театар во кој Вудс „го печел занаетот“.
„Тоа беше многу тешка и болна одлука за мене. На последната година на МИТ бев еден од најдобрите студенти и имав стипендија. Но, тогаш одлучив дека сакам да станам уметник. Не ме интересираше дали ќе заработувам 30. илјади долари на ден или ќе работам на „минималец“. Пронајдов нешто што навистина го сакам и мислам дека мојот татко би бил горд на тоа“ рекол Вудс (70).
IQ на глумецот е предмет на „теории“. Еден мексикански весник пишувал дека има 180, но со оглед на тоа дека совршен резултат на Менса тестовите за IQ е 162, вистинитоста на тие тврдења, во најмала рака е сомнителна.

Шерон Стоун

Една од најубавите актерки во Холивуд, на чија сцена со прекрстување на нозете многумина се’ уште се сеќаваат, исто така е една од најинтелигентните актерки. Коефициентот на интелигенција на актерката изнесува 154. Наводно таа била многу надарено дете – второто одделение го запишала со само 5. години. Кога имала 17. години завршила средно училиште.

Ештон Качер

Многумина се изненадени од коефициентот на интелигенција на актерот на чиј шарм паднаа актерки како што се Деми Мур и Мила Кунис. Неговиот коефициент на интелегенција изнесува дури 160. Тој планирал да заврши биохемија, но, сепак, бил маѓепсан од светот на модата и се откажал од факултетот. Позната е приказната дека неговиот мотив бил да пронајде лек за својот брат близнак Мајкл и неговите проблеми со срцето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …