МК ќе даде 73.000 евра за концерт со песни на англиски на починатиот Тоше: Колку тоа ќе ја унапреди културата во Македонија?

Министерството за култура вчера го објави списокот на проекти од национален интерес во културата за кои ќе одвои средства во 2018. година.

Најмногу средства ќе добие „Авалон продукција“, околу 6 милиони денари (100.000 евра), кои побарале 24. милиони денари, за 25 концерти што ќе ги организираат во Скопје и Охрид оваа година. Со овие концерти „Авалон“ ќе одбележи 25. години постоење. Во Македонија ќе ги донесат Ален Вокер, Тото, Армин ван Бурен и други имиња кои за сега не се објавени.
Околу 4,5 милиони денари Министерството ќе даде за организација на „Деценија без Тоше“, концерт кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, а биле побарани 5.000.000 денари.
„Се подготвуваат и три видеозаписи за три песни од самиот албум. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Исто така во согласност со Министерството за култура е планиран и голем концерт на кој ќе биде промовиран овој носач на звук. Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Очекуваме концертот да се одржи кон крајот на април или почетокот на мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во англиската верзија на албумот една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристевски, што тој му ја посвети на својот вујко, за која исто така ќе биде снимен видеозапис“,најави Андреј Николовски, претседател на фондација „Тоше Проески“.
Со респект кон споменот на Тоше Проески се прашуваме како овој концерт и десетте песни кои се снимени на англиски јазик е од толку важен национален интерес и да добие 73.000 евра – максимум кој е одобрен за едно барање – со оглед на тоа дека биле барани 5.000.000 а одобрени се 4.500.000 денари.
Министерството за култура редовно ги поддржува (финансира) активностите на фондацијата „Тоше Проески“ а за 10. години тие не успеаа да направат „пристоен“ гроб на македонската легенда.
Министерството одобри 1. милион денари за фестивалот „Таксират“, а иста сума ќе добие и „Макфест“. „Пасворд продукција“ ќе добијат 6.500 евра за дојранскиот „Д’фестивал“ иако побарале 80.000 евра. Џез фестивалот во Тетово ќе добие 25.000 евра, а 10.000 евра ќе му дадат на здружението „Амадеус Мозарт“ од Гостивар за организација на „Гос фест 2018“. „Канал 77“ ќе добие 8.000 евра за „Радиски рок-џез фестивал“.
За промоција на проектот „Македонисимо“ на пијанист Симон Трпчевски Министерството ќе даде 500.000 денари, а 200.000 денари ќе одвои за концертот на Дуке Бојаџиев што ќе се одржи во Македонска филхармонија. По 200.000 денари ќе добијат и браќата Тавитијан како и Влатко Стефановски, но и за јубилејот 20 години „ПМГ рекордингс“ кој ќе се слави во МКЦ и за детскиот фестивал „Златно славејче“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Обожавател на Меси извршил самоубиство после поразот на Аргентина од Хрватска

Дину Алекс, голем навивач на Меси од Индија, извршил самоубиство откако го одгледал поразот на …