Во петок, 9. февруари, премиера на документарниот филм за тетовскиот поп-рок бенд „Легенда“

Преку архивски снимки и фотографии, тетовскиот поп рок состав „Легенда“ кој важи за синоним на едно убаво време, ќе добие музички документарен филм насловен „Свет без граници“.

Режиран е од Билјана Билбилоска и Глигор Кондовски од Тетово, и е нивни подарок за членовите на „Легенда“ и градот кој би сведочел за влијанието на оваа група на македонската поп-рок сцена во 90-тите години.
Групата „Легенда“ e оформена во 1991 година. Во речиси две децении постоење издаде неколку албуми, а станаа препознатливи по хитовите „’92“, „Свет без граници“, „Време е“, „Зимбала Тримбала“, „Индиски чај“, „На море“, „Еј кафано, слатки доме“, како и „Признавам, не признавам“ со Ена Веко, која ќе ја видиме и како специјална гостинка во филмот.
„Направивме разговори со членовите на бендот во кои тие раскажуваат и ги опфаќаат сите аспекти од нивното музичко делување како на професионално така и на приватно рамниште. Крајна цел на овој документарец е да врати споемни од едно убаво време“, ќе изјави Билјана Билбилоска.
„Долго време зборуваме со Билјана дека треба да соработуваме и да направиме некаков тип на филм. Одлучивме дека тоа треба да биде документарен филм во кој ќе се опфати поп-рок сцената во 90-тите и посебно за групата ’Легенда’.
Снимен е во телевизска форма, преку интервјуа и архивски снимки и спотови“, додава Глигор Кондовски.
Премиерата на документарецот „Свет без граници“ е закажана за 9 февруари во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …