(ВИДЕО+ФОТО) Успеал:Елон Маск во ракета во вселената го лансирал автомобилот „Тесла“

Falcon Heavy е најјака ракета после Saturn V кој ги носел првите луѓе на Месечината. После совршеното лансирање, електричниот автомобил на Маск, го продолжил својот пат во „длабоката“ вселена…
Елон Маск синоќа после успешното лансирање на најсилната ракета на светот уште еднаш напишал историја во истражување на вселената.

loading...

Elon Musk šalje auto Tesla Roadster na Mars: Crveni automobil za Crveni planet

Elon Musk šalje auto Tesla Roadster na Mars: Crveni automobil za Crveni planetViše na http://bit.ly/2nO71WI


Posted by 24sata on Dienstag, 6. Februar 2018

SpaceX неколку пати го поместувал лансирањето, а во 21:45 часот Falcon Heavy се подигнал од лансирната рампа на Флорида и во вселената го понел црвениот Roadster на Тесла кој ќе го продолжи своето патување низ вселената со Стармен зад воланот.
Имено, SpaceX одлучил на пробниот лет на новата ракета да испрати електричен автомобил, а тој да не остане празен, на седиштето на возачот поставиле кукла облечена како астронаут.


Спектакуларната ракета која може да понесе најмногу товар во вселената, после неколку минути се разделила а нејзините модули тргнале кон Земјата. Двата совршено се спуштиле на копното во сцена кој изгледала како кадар од „Ѕвездени патеки“, а третиот Фалкон модул уште ја чека својата потврда.

Погледнете акко изгледало лансирањето:

Инаку, историскиот, прв лет, на ракетата Falcon Heavy станал втор најпопуларен пренос во историјата на ЈуТјуг со рекордни 2,3 милиони гледачи на врвот. Првото место и понатаму го држи Феликс Баумгартнер со својот скок од работ на вселента во 2012.година.
Но, после лансирањето SpaceX објавил и ново видео на кое во живо можете да го следите Стармен кој лета околу нашата планета.

Грдосија за мисија кон Марс
Falcon Heavy е најјака ракета после Saturn V која превезувала астронаути на Месечината. Ракетата ја изградиле со спојување на три Falcon 9 ракети и ја следи истата филозофија на рециклирање на ракетите. Идејата на Маск била две ракети, после лансирањето, да се одвојат и да се вратат на Земјата што и’ се случило.
Ракетата на Маск може да постигне двојно потежок товар во орбитата од првиот конкурент – Delta IV Heavy ракетата, но за третина од цената, што посебно го истакнал.
На синоќешното лансирање ја видовме визијата на Маск за рециклирање на се.
Имено, тој сака ваквата ракета и сите нејзини делови да се вратат на Земјата и што побргу да се подготват за нов лет. На тој начин вселенските летови би требало да станат многу поефтини, но кога веќе имаме вака голема ракета, ќе можеме да испраќаме многу поголеми сателити кои ќе овозможат нови револуционерни истражувања.
Во галеријата погледнете ги спектакуларните фотографии од лансирањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Сакал да повози Бугати од 5 милиони долари, но не ја проверил временската прогноза

Возењето на Bugatti W16 Mistral е секако незаборавно искуство, со 1.600 коњски сили и ветер …