(ВИДЕО) Кајли Џенер родила девојче и објавила прва снимка од бебето

Кајли Џенер родила девојче. Дваесетгодишната реална ѕвезда во неделата потврдила дека таа и свршеникот Тревис Скот станале родители.
Својата бременост и’ покрај гласините досега не сакала да ја потврди. Како што јавува Е!, Кајли и Тревис сеуште не одлучиле како ќе го наречат бебето.
„Моето прекрасно и здраво девојче пристигна на 1. февруари и едвај дочекав со вас да го поделам овој благослов“ порачала Кајли.
На Јутјуб објавила 11. минутно видео за бременоста на чиј крај се гледа раче и ноџе на бебето.

Кајли додала дека нејзина одлука било да се молчи за бременоста и дека им се заблагодарила на семејството и пријателите кои ја почитувале нејзината желба.
„Жал ми е што ве држев во темница. Разбирам дека ве водев на моите патувања, но бременоста е една работа која не сакав да ја одработам пред целиот свет“ додала младата мајка.
Веста дека Кајли е бремена прв ја објавил порталот TMZ, кон крајот на септември. Во тоа време најмладата сестра на Ким Кардашијан и нејзиниот дечко на пријателите им кажувале дека чекаат бебе, а Тревис наводно на своите пријатели им рекол дека ќе добие девојче.
Еден извор раскажал дека 25. годишниот рапер, со кого Кајли е во врска од април, рекол дека животот ќе му се промени кога ќе стане татко.
Гласноговорниците на Кејтлин Џенер тогаш ја потврдиле веста, велејќи дека ќерката пред еден месец и кажала дека е бремена и дека би требало да роди во февруари.
Остатокот од семејството продолжил да одбегнува јавно да говори по тоа прашање.

♥️

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „ВРАТИ СЕ ВО АНГЛИЈА!“: Британскиот принц ги разгневил Американците!

ПРИНЦОТ Хари оваа недела започнал уште една контроверзност откако го критикувал уставното право на САД …