(ВИДЕО+ФОТО) Објавен првиот трејлер за „Mission Impossible – Fallout“

Врз база на првиот трејлер за Mission Impossible – Fallout, се чини дека режисерот и сценарист Christopher McQuarrie и актерот во главна улога Том Круз се со тенденција да исполнат се’ што и до сега беше дел од франшизата за акциониот филм. Погледнете го трејлерот кој воедно по првпат беше пуштен за време на рекламен спот за Super Bowl овој викенд.

„Ликот на Круз, Итан Хант се соочува со последиците на некои свои постапки од минатото“ вели Christopher McQuarrie.


Најавниот трејлер започнува со кадар од кој дознаваме дека мисијата на Итан Хант тргнала на лошо. Ликот кој го игра Хенри Кавил, Аугуст Вокер, истакнува дека Хант е предаден и отфрлен од својата влада веќе неколку пати и се прашува кога ќе дојде моментот кога некој ќе се откаже од таа идеја и ќе сфати дека сето тоа е залудно. Следствено се презентирани бројни бркотници со мотоцикли, тепачки, пукање и бркотници со хеликоптер од кои буквално ќе Ви се крене косата на главата.

Во шестиот дел од оваа франшиза, Итан Хант се враќа повторно со нова бескомпромисна мисија во која се појавуваат и Хенри Кавил, Анџела Басет, Ребека Фергусон, Винг Рејмс, Сајмон Пег и Алек Болдвин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …