(ФОТО) Новата серија на Рис Витерспун и Џенифер Анистон ќе чини 240. милиони долари

Откако нејзината серија „Малечки лаги“ постигнала невиден успех, Рис Витерспун не застанува. Овојпат се одлучила на нов проект во кој повторно и самата ќе глуми но овојпат со Џенифер Анистон. Приказната за две новинарки и ја продала на Apple TV за најголем износ во историјата, а челниците на таа куќа не размислуваат за неуспех.
Новото дело на Рис Витерспун, овојпат со Џенифер Анистон во прв план Apple TV ќе го чини многу пари. Имено, после интересната аукција Apple TV ги добил правата на новата драмска серија која во јули минатата година влегла во постпродукција.
Hello Sunshine, продуцентската куќа на Рис Витерспун, која е заслужна за хит серијата „Малечки лаги“, на Аpple TV му ги продала правата за три нови проекти, што е вкупно третина од вкупното купување на оваа куќа досега.

Меѓу останатите и за новата серија со уште непознато име, која ја платиле неверојатни 240. милиони долари, со што тоа купување станало највисоко во историјата.
Но, како што тврдат челниците на Аpple TV, Зак Зан Амбург и Џејми Елрих, таа ќе биде и тоа како исплатлива. Во службената изјава двојката рекла дека Рис Витерспун има “прекрасни идеи и дека е пред своето време“.

Новата серија е инспирирана од книгата на репортерот на СиЕнЕн, Брајан Стелтер, „Top of the Morning“ и говори за утринските „телевизиски војни“.

Анистон и Витерспун ќе глумат новинарки во утринско шоу, а сценариото за двете сезони, секоја по десет епизоди, го напишал бившиот продуцент на „Куќа од карти“,Џеј Карсон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Добрите ефекти на лебот на организмот

Многу луѓе избегнуваат конзумирање леб, но изборот на правилен тип може да има позитивни ефекти …