(ФОТО) Новак Ѓоковиќ опериран!?

Новак Ѓоковиќ го оперирал лактот со кој имаше големи проблеми, тврди швајцарски Blick.
Швајцарците наведуваат дека српскиот тенисер е опериран во Базел. Наводно порано бил во Прага, но Чешка ја напуштил незадоволен со состојбата во клиниката.
Фотографијата објавена на Твитер пред неколку дена сега повеќе ја објаснува состојбата на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, некогаш најдобриот тенисер на светот, поради проблеми со лактот не играл половина година. Оваа година се врати на Австралија Опен, но со новите проблеми со лактот загуби од Кореанецот Хијонг Чунг.
Не сакал на операција бидејќи верувал дека одморот ќе му помогне…
„Мора да пронајдам некое решение на подолги патеки. Не можам повеќе да издржам со овие состојби од денес до утре“ рекол Ѓоковиќ после испаѓањето на Австралија Опен, а решението очигледно била операцијата.
Лекарите после настапот во Мелбурн предупредувале дека кариерата „му виси на конец“ доколку не го реши проблемот со лактот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …