(ВИДЕО) Мишел Обама конечно открила што и подарила Меланија Трамп

Бившата прва дама на САД, Мишел Обама, конечно, после една година, открила што било во сината кутија од „Тифани“ која Меланија Трамп и ја подарила на денот на инаугурацијата на идниот претседател на САД.
„Тоа беше убава рамка за фотографии“ рекал Мишел Обама за емисијата која ја води Елен ДеГенерис, во своето прво појавување на ТВ од заминувањето од Белата куќа, а која утре ќе биде емитувана.
„Постои протокол. Тоа е како државна посета кога ќе ти кажат – го правиш ова, го правиш она, тие стојат тука и друго. Никогаш порано во таа пригода не се врачувал подарок, така што размислував што да правам со тоа“ објаснила Мишел Обама.
Публиката на тоа се насмеала, а таа додала дека сите се тргнале.
„Никој не дојде да ја земе кутијата“ навела бившата прва дама напоменувајќи дека тогаш ја спасил сопругот.
„Размислував дали треба да се сликаме со подарокот? А, потоа мојот сопруг ме спаси од непријатноста. Ја зема кутијата и ја тргна одзади“ рекла Мишел Обама.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …