Македонија е во првото полуфинале на „Евровизија“

Македонскиот претставник нa „Евровизија 2018“, која ќе се одржи во Лисабон, Португалија, ќе пее на првата полуфинална вечер на 8. мај, во вториот дел на вечерта. Ова беше одлучено со ждрепката што се одржа во Лисабон.
Освен Македонија, во првата полуфинална вечер ќе настапат Белорусија, Бугарија, Литванија. Албанија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија, Кипар, Хрватска и од Грција.
На втората полуфинална вечер на 10. мај ќе настапат претставниците на Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и на Украина.
Во полуфиналињата учествуваат 37 држави, во првото полуфинале 19, а во второто 18. Од секоја полуфинална вечер ќе се квалификуваат по 10. песни, според гласовите од публиката и од стручното жири, во однос 50:50. Во големото финале ќе пеат и Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, заедно со домаќинот Португалија.
Кој ќе ја претставува Македонија на годинешниот избор ќе се знае после 8. февруари до кога е отворен конкурсот за композиции. Потоа стручна жири комисија ќе избере од пристигнатите трудови и конечно ќе се знае македонскиот претставник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Кејти Холмс ја нашла среќата по разводот со Том Круз: Актерката го покажала новото момче

Се чини дека Кејти Холмс нашла нова љубов По разводот со Том Круз, актерката ретко …