(ФОТО) Борко Ристовски се ожени: Потпиша доживотен договор со неговата љубов Николина!

Македонскиот ракометен голман и чувар на мрежата на „Барселона“ завчера повторно стави потпис… Потпиша сосема нов договор… овој пат доживотен! При тоа му беа прочитани и правилата на играта, оние… законските, кои мора да се почитуваат! Висината на договорот – непозната!
Потписник од другата страна, една млада, убава, шармантна дама… Отсега таа и тој ќе играат во ист клуб… Клубот на животот во брачна заедница. Затоа и официјално го ставија својот потпис и бурмите на рака. Таа останува да го носи истото презиме – своето, а сепак неговото, без ништо да менува!
Зашто и пред тоа и сега обајцата исто се презиваа(т): Ристовски! Таа, убавата кумановка Николина – Нина, идната мајка која е во осмиот месец на бременоста, тој, македонскиот „министер за одбрана на ракометната мрежа“ – Борко! Од пред ден-два и официјално сопружници, наскоро и за прв пат родители!
Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски, набргу ќе го добие своето прво дете. Синот ќе се вика Душан како неговиот покоен татко.
„Предлогот за името беше мој, а Николина го прифати. Мојот покоен татко се викаше така. Сакавме во името на нашиот син да има симболика, значење“,вели Борко за Репортер.

„Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно“, напишала г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.
 Нека е со среќа!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …