(ФОТО) Срамна честитка од Кристиано Роналдо за голот на Марсело!

Фудбалерите на Реал вчера играле во гости против Валенсија, а еден детал во режија на Кристиано Роналдо привлекол повеќе внимание отколку победата на „кралскиот клуб“ во гости…
После поразот од Леганес и испаѓањето од Купот на Шпанија, фудбалерите на Реал имале огромен притисок и императив од победа на Местаља.
Од старт почнале „да го мелат“ противникот, а двата гола веќе во првиот дел прктично го одредиле и победникот. И’ двата ги постигнал Роналдо од пенал.
На крај „кралскиот клуб“ победил со впечатливи 4:1.
Кога Марсело ставил точка на мечот, на сите од Реал им паднал голем камен од срцето, а најдобриот фудбалер на светот се чини премногу се опуштил.
Имено, после погодокот на Марсело, додека соиграчите го прегрнувале Брзилецот, Роналдо му го турнал средниот прст во задникот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …