(ФОТО) Љубов беше тоа: Писмото на Бред Пит за болната Ангелина Џоли повторно „го потресува“ светот!

Секоја година, во медиумите и на социјалните мрежи се коментира изгледот на Ангелина Џоли кој е често на работ на анорексија.

Откако низ медиумите се појавија информации дека познатата актерка, Ангелина Џоли, има само 36 килограми, како и дека нејзиното здравје е сериозно загрозено поради анорексијата, повторно на социјалните мрежи се споделува љубовното писмо кое Бред Пит и го напиша пред неколку години, кога актерката беше на работ на анорексија.
„Ја загубив надежта и бев убеден дека ќе се разведеме. Но, тогаш одлучив да направам нешто“, напишал Бред на почетокот во писмото кое го потресе светот.
„Мојата жена е болна. Постојано беше нервозна поради проблемите на работа, проблемите во приватниот живот и поради проблемите со децата. Ослабна 15. килограми, беше тешка само 44. килограми во својата 38. година од животот. Стана многу слаба и постојано плачеше. Не беше среќна жена. Имаше главоболки, болки во срцето и проблеми со ’рбетот. Не спиеше воопшто и беше изморена. Нашата врска беше на работ од развод. Нејзината убавина беше само сенка, таа престана да се грижи за себе“ – признал Бред и потоа напишал што го натерало да и помогне на Анџелина.
„Покрај мене ја имав најубавата жена во светот. Таа е идол на половина мажи и жени во светот, а јас ја имам таа привилегија да бидам покрај неа и да ја прегрнувам. Морав да и помогнам. Почнав да ја затрупувам со цвеќе, со бакнежи, со комплименти. Правев да се чувствува убаво и постојано ја изненадував. И давав многу подароци и живеев за неа. Во јавноста зборував само за неа. Ја фалев пред нејзините и нашите заеднички пријатели. Нема да верувате, но тоа успеа, Ангелина повторно процвета. Се чувствуваше подобро отколку претходно. Ги врати килограмите, повеќе не беше нервозна и ме сакаше повеќе од било кога. Не знаев дека може толку многу да се сака. И тогаш сфатив: Жената е одраз на својот маж – ако ја сакате до лудило, таа и ќе стане тоа“, заклучил Бред Пит.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …