Македонија го доби противникот во баражот за СП

Машката ракометна репрезентација штотуку го заврши својот настап на Европското првенство во Хрватска, а како што беше планирано, денеска го дозна и својот противник за бараж дуелите кои ќе мора да ги одигра за да се пласира на главниот турнир на СП.
Македонија ќе стигне на натпреварувањето кое ќе се игра во Данска и Германија ако претходно излезе како подобра во двата дуели кои ќе ги игра со Романија, репрезентација која денеска ја добивме за противник на ждерпката која се изврши во Загреб.
Избраниците на Раул Гонзалес ќе бида домаќините на првиот дуел кој ќе се одигра на 8 јуни, а една недела подоцна, поточно на 14 јуни ќе се одигра реваншот во Рроманија. Покрај битката на теренот, ова ќе биде интересна борба и на клупата, бидејќи Раул за свој противник ќе го има сонародникот Чави Пасквал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) За Леклер пол во Сингапур

Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред Големата награда на Сингапур. Возачот на Ферари заврши пред …