(ФОТО) Завршен е четвртиот албум на Тоше Проески: Промоција на пролет со концерт

Од фондацијата „Тоше Проески“ најавија дека е завршен неговиот четврти постхумен албум насловен „Secret place“. На албумот ќе има 10 песни, кои се испеани на англиски јазик.
„Се подготвуваат и три видеозаписи за три песни од самиот албум. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Исто така во согласност со Министерството за култура е планиран и голем концерт на кој ќе биде промовиран овој носач на звук. Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Очекуваме концертот да се одржи кон крајот на април или почетокот на мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во англиската верзија на албумот една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристевски, што тој му ја посвети на својот вујко, за која исто така ќе биде снимен видеозапис“,најави Андреј Николовски, претседател на фондација „Тоше Проески“ на манифестацијата што се одржа завчера во Крушево, по повод одбележувањето на 37-от роденден на балканската музичка ѕвезда.
Сите овие активности се дел од проектот „Деценија без Тоше“, кој почна лани.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …