(ФОТО) На Телма повторно реприза на „Пабло Ескобар” – во попладневен термин

“Пабло Ескобар” е серија која го прати животот на господарот на злото и кралот на дрогата – Пабло Ескобар, творец на меѓународниот систем за дистрибуција на кокаин и најголемиот водич на колумбиски нарко картел. Се работи за колумбиска серија, снимена во 2012 година, која репризно ќе се емитува на Телма, од понеделник до петок во 16.45 часот.
Амбициозноста на овој проект се гледа во тоа што е снимен на 450 локации, има актерска екипа од 1300 актерски имиња и е заснован на веродостојни новинарски статии и сведоштва на сите оние кои на било кој начин биле во контакт со овој брилијантен криминалец.
Серијата ја осмислиле и продуцирале Камило Кано и Хуана Урибе. Камило Кано е син на Гиљемо Кано, убиен од Ескобар во 1986 година, а Хуана Урибе е заменик директор на колумбиската тв куќа Каракол чија ќерка исто така била киднапирана и убиена од Пабло Ескобар во 1989 година. Серијата има добиено многу награди на Premios India Catalina, Premios Clic Caracol, Premio Momento и Premios TV Adicto Golden Awards.
Во улогата на најголемиот нарко дилер на светот е Андрес Пара, а негова партнерка во серијата е Енџи Цепеда, позната за македонската публика по главните улоги во “Фиорела” и “Луз Марија”. Насловната нумера “La última bala” ја изведува Yuri Buenaventura.
Пабло Ескобар е роден во колумбиското село Медалин како син на фармер и учителка. Како мал не сакал да учи, туку навлегувал во разни неволји заедно со неговите брат и братучед. Почнал како ситен криминалец и крадец, но брзо напредувал до разнесување и криумчарење на дрога. На 32 години станал мултимилијардер и заработувал по пола милион долари дневно од шверц на дрога. Во стилот на Робин Худ, дел од парите вложувал во изградба на училишта, спортски игралишта и им давал на сиромашните.

извор: твпакет

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонската спикерка по втор пат стана баба, да беше жив и нашиот актер ќе станеше дедо – името на внуката по денешниот православен празник!

Гордана Ѓорчева, спикерка во МТВ, денес по втор пат стана баба.Таа радосната вест ја сподели …