(ФОТО) Ви треба „длабок џеб“ ако сакате да се преселите тука: Ова се најскапите градови за живеење на светот во 2018

Во едно големо истражување од 2017. година во кое биле опфатени повеќе сегменти, ова се најскапите или најнедостапните градови за живеење на планетата.
Во третиот квартал од 2017 година биле анлизирани 293 градски пазари за домување во девет земји – Австралија, Канада, Хонг Конг, Ирска, Јапонија, Нов Зеланд, Сингапур, Велика Британија и САД, пишува Business Insider.
Користејќи го “median multiple (средниот повеќекратен)” метод, кој вклучува земање на средната ценовна вредност на домот, како и на средната вредност на приходот во едно домаќинство. Значи, ако просечниот приход бил 50.000 долари, а просечната куќа чинела 250.000 долари, средната вредност на недостапност би била 5 (250.000 / 50.000 = 5).
Погледнете ја листата на најскапите градови за живеење за 2018 година според “median multiple” методот.

10. Tauranga, Western Bay of Plenty, New Zealand

Домувањето во Нов Зеланд е сериозно недостапно, со вкупна просечна вредност од 5.8, а во Туаранга просечниот почеток чини 8.9 пати повеќе од просечниот приход.

9. Salinas, Monterrey, California, USA

Лоциран во државата Монтереј, Салинас е гратче со популација помала од 150.000 жители. Ова место има средна вредност од 9.1.

9. San Francisco, California, USA

Сан Франциско заедно со Салинас го делат деветото место на оваа листа со идентична средна вредност од 9.1.

8. Honolulu, Hawaii, USA

Овој ‘рајски град’ со преубави плажи кој е сместен во островот Оаху, има “median multiple” вредност од 9.2.

7. Los Angeles, California, USA

Лос Анџелес е втор најскап град за живеење во САД. Неговата вредност е 9.4

7. Santa Barbara, California, USA

Четвртиот, но не и последниот град во Калифорнија кој е во листата топ 10, Санта Барбара има средна вредност од 9.4.

6. Melbourne, Australia

Со просечна вредност од 9.9 Мелбурн стана неприфатлив град за живеење во последните неколку години од 6.3 во 2001, а под 3.0 во раните 1980-ти години. Од 2001 па наваму просечната вредност на домовите се зголемила за еквивалент на повеќе од три години во просечниот приход на домаќинствата пред оданочување.

5. San Jose, California, USA

Најмалку достапен град за домување во заливот на Сан Франциско, Сан Хозе со средна вредност од 10.3.

4. Santa Cruz, California, USA

Лоциран во областа Беј (Bay Area), Санта Круз има висока вредност на неудобно и скапо живеење во САД, со средна вредност од 10.4.

3. Vancouver, Canada

Најмалку достапен и најскапиот град во Канада, со средна вредност од 12.6, Ванкувер го доживеал најголемото влошување во ова истражување на достапност, зголемувајќи ја вредноста од 2.35 на 5.3 во 2004 година.

2. Sydney, Australia

Најмалку прифатлив град за живеење во Австралија. Сиднеј има средна вредност од 12.9 а големо влошување било забележано во последните неколку години, со оглед на тоа дека во 2001 година стапката била 6.3. ‘The UBS Global Real Estate Bubble’ индексот за недвижности го оценил Сиднеј како град со најголем ризик за домување во светот (заедно со Ванкувер).

1. Hong Kong, China

Најмалку достапно место за домување веќе осма година по ред е Хонг Конг со просечна вредност од 19.4. Минатата година вредноста на овој град била 18.1.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт: Потребно ви е чаша за …