Стоилов: До кога вака, ова првенство требаше да биде наше!

Македонија со пораз од Данска во Вараждин од 31:20 го заврши своето учество на европското првенство во Хрватска на кое имавме две сосема различни „полувремиња“, првата фаза во Загреб во која блескавме и ја завршивме без пораз (две победи и реми) и втор дел во Вараждин во кој три пати бевме поразени.
Еден од нашите главни адути на овој шампионат, Стојанче Стоилов е разочаран од крајниот резултат и верува оти можеле да направат многу повеќе на овој континентален собир.
„Разочаран сум од себе, од нас, мораше да биде подобро од ова. Имавме одлична прва рунда како никогаш до сега. Знавме што не очекува, не ни е прв пат. Секое првенство памет за друго, до кога така. Летаат годините, утре-задутре нема да биде тука Кире Лазаров. Требаше ова првенство да биде тоа првенство. Бевме добри, имавме многу позитивни работи, само што таа мала разлика е голема разлика, меѓу полуфинале и другото. Пак останува тоа, памет за другпат, се надевам младите научија од ова искуство“, истакна Столе.

(извор:Дерби)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …