Раул Гонзалес ја откри вистината за лошите игри во доигрувањето!

На прес-конференцијата по последниот меч, селекторот Раул Гонзалез се обиде да го коментира само поразот од Данска, а не целиот турнир.

Сепак, последните два натпревари се поврзани и тешко може еден да не кондиционира друг. По чешкото трилер сценарио,против Данска Македонија играше едно полувреме со тактика и сила рамноправно, а потоа доживеа убедлив пораз од 20-31 од Данска.
„Мислам дека турнирот беше предолг за нас. Додека имавме свежина игравме добро, но видовте дека како турнирот одминува, не стигнува умор. Одигравме многу добри напревари, само со Шпанија загубивме со голема разлика. Можам да сумирам еден солиден турнир за мене како прво искуство на македонската клупа. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, федерацијата, ракометарите, новинарите. Гледате колку е изедначен турнирот, еден гол и една победа можеа многу работи да сменат, заклучи Раул Гонзалез.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …