(ФОТО) Принцот Хари и Меган не смеат да го поканат Доналд Трамп на свадба

Наводно, Доналд Трамп многу сакал да дојде на свадбата на принцот Хари и Меган Маркле. Но, полусестрата на Меган (36),Саманта тврди дека доаѓањето на Трамп би бил навредливо за сите присутни…
Писателката Саманта Грант(52), полусестра на Меган Маркле (36) е многу слободна кога треба да се откријат детали од животот на глумицата. Неодамна ја прозвала бидејќи финансиски не го помогнува нивниот татко Томас (73) кој живее и работи во Мексико.
Исто така и замерува дека не му помогнува на нивниот постар брат, кој е, како што тврди алкохоличар и зависник од дроги.
Саманта, бивша глумица и манекенка, е болна од мултиплекс склероза и веќе десет години е во инвалидска количка. Полусестрата на Меган сега открива дека претседателот, Доналд Трамп (71), наводно, „умира од желба“ да дојде на кралската венчавка во мај.
„Доналд Трамп е нестабилна личност и претставува опасност за целиот свет. Мислам дека неговото доаѓање би било навредливо за сите гости“, рекла Саманта, која најавила дека ќе напише книга за животот на идната сопруга на принцот Хари и ќе ги изнесе сите нејзини „валкани тајни“. Токму поради тоа, додава, Меган нема да ја повика на свадбата.
„Не знам што Меган ќе мисли за мојата книга. Но,би лажела кога би кажала дека нема да бидам повредена ако не ме повика“ рекла Саманта. Својата полусестра, додава, ја сака но не и е јасно како можела да го остави на цедило нивниот татко.
„Жена со добро срце би помогнала на својот татко, тоа би требало да биде автоматски, тој не би требало ниту да прашува за помош“ вели Саманта која тврдела дека со години „ја одгледувала“ Меган, но нејзините пријатели тврдат дека глумицата и Саманта никогаш не живееле во иста куќа.
„Меган е одгледувана како единствено дете, а со Саманта не зборуваше најмалку една деценија“ рекол извор.
Саманта порано ја обвинувала полусестрата дека единствено и е важно „да се искачува по општественото скалило“ и дека поради тоа го завела принцот.Но, сега вели дека Хари е идеален избор за неа.
„Тој е забавен и сладок, многу шармантен пар се. Но, мислам дека најдобро од се’ е што има добро срце. Принцот Хари ги има најдобрите квалитети на нашиот татко“ рекла Саманта.
Свршеницата на принцот Хари не рекла кого ќе го повика на својот „голем ден“. Но, потврдила дека нејзиниот татко сиурно ќе биде покрај неа.
Меган и принцот ќе се венчаат на 19. мај, а на Хари кум ќе му биде неговиот брат, принцот Вилијам (35).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Факторот на ризик за потешкиот облик на ковид кој сите го забораваме

Физичката неактивност е поврзана со потешка форма на ковид 19 и зголемен ризик од смрт …