(ФОТО) Интервју: Сашо С Ристовски:„Се’ можете да му земете на актерот, само љубовта кон тетарот не“

„Во нови претстави нема да играм бидејќи максимално сакам да се посветам на директорската работа, т.е. да се посветам на проблемите во театарот, да се посветам на подоброто утре на театарот и максимално да го подигнам брендот наречен Театар Комедија. Верувам дека со целосна посветеност ќе имаме успех. Работам со нов тим, тим кој е полн со идеи, тим во кој верувам и убеден сум дека ќе донесе успеси. Театар Комедија е бренд и е најпосетуван театар…“


Како може накусо да се опише патот на момчето Сашо до актерот Сашо С Ристовски?
-Ха,ха,ха…многу интересен. Морам да признаам дека театарот секогаш беше во моите мисли. Кога се враќав од училиште мислев која претстава вечер да одам да ја гледам. Скоро секоја вечер одев во театар. Инаку, се дружев со моите врсници во маалото. Кога се запишав на глума се фокусирав целосно на тоа и не ме интересираше друго. Сметам дека веќе се чувствувам реализирано во својата
професија, се чувствувам сигурно во се’ што правам. Се трудам максимално да бидам свој и да оставам свој белег. Живеам за театарот и не постои сила која би ме оттргнала. На актерот се’ можете да му земете ама љубовта кон сцената не можете никогаш.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …