(ВИДЕО+ФОТО) Документарен филм за тетовскиот поп-рок бенд „Легенда“

Преку архивски снимки и фотографии, тетовскиот поп рок состав Легенда, кој важи за синоним на едно убаво време ќе добие музички документарен филм насловен „Свет без граници“.

Режиран е од Билјана Билбиловска и Глигор Кондоски од Тетово, и е нивни подарок за членовите на Легенда и градот кој би сведочел за влијанието на оваа група на македонската поп рок сцена во 90-тите години.
Група ЛЕГЕНДА од Тетово е формирана 1990 година и тоа во следната постава Крсте Данајловски-Кокан (вокал и гитара),Властимир Тодоровиќ-Власте(клавијатури),Влатко Мишевски-Никши(бас гитара) Драгиша Лековски-Слинки (соло гитара)и Игор Бачоски-Бачо(тапани).Најголем успех победата на можеби најдобро организираниот Поп Рок Фест 91. каде победникот како награда добиваше право да сними албум и ние го реализиравме во октомври месец албумот под наслов
„92“, продуцент Валентино Скендеровскипод етикета на МРТВ и тоа беше за 1991. година најпродаван албум од поп-рок жанрот .Следеше концертна турнеја низ цела Македонија ,а 1992 година бевме и предгрупа на големиот концерт на Леб и Сол во Сајмиште.1993 е снимен втриот албум „Свет без граници“ исто така под етикета на Продукција на МРТВ кој албум го обележа дуетската песна со Ена Веко „Признавам – непризнавам“, 1996. доаѓа до персонални измени во група
ЛЕГЕНДА доаѓа нов пеач Александар Јовановски-Алек кој дава нова свежа крв .1998 го издаваме триот албум „Време е..“,која насловна тема стана огромен хит .Албумот го издаде Мистер Компани.Последна песма е реализирана 2009 во студиото на Роберт Билбилов под наслов “На овој свет“, ни рече Игор Бачовски.

„Направивме разговори со членовите на бендот во кои тие раскажуваат и ги опфаќаат сите аспекти од нивното музичко делување како на професионално така и на приватно рамниште. Крајна цел на овој документарец е да врати споемни од едно убаво време, вели Билјана Билбиловска.
„Долго време зборуваме со Билјана дека треа да соработуваме и да направиме некаков тип на филм. Одлучивме дека тоа треба да биде документарен филм во кој ќе се опфати поп-рок сцената во 90-тите и посебно за групата Легенда. Снимен е во телевизска форма преку интервјуа и архивски снимки и спотови“, додава Глигор Кондовски.
Премиерата на филмот Свет без граници е закажана во февруари во Центарот за култура Иљо Антески – Смок во Тетово.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Актерката од филмот Gone Girl починала откако ја удрил електричен ромобил

Актерката Лиса Бејнс почина по несреќата во Њујорк. Имаше 65 години. Актерката ја удрил возачот …