(ВИДЕО) Кире Лазаров на испитување во Загреб: Македонија во исчекување!

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров кој на вчерашниот меч со Шпанија се здоби со повреда на задната ложа на десната нога,отпатувал во Загреб каде ќе му бидат извршени детални прегледи, објави спортскиот портал Спортмедиа.
Капитенот поради повреда на бутниот мускул на десната нога во 11. минута излезе од игра и повеќе не се врати.
„Во моментов Лазаров патува на прегледи во Загреб, каде треба да биде констатирана сериозноста на повредата. Од нашиот табор не известија дека резултатите ќе бидат познати попладне“, објави порталот.
Македонија ја чекаат уште два важни меча на ЕП за пласман во историското полуфинале, утре против Чешка и во среда против силната Данска, која вчера и го нанесе првиот пораз на Германија.

Како се повреди Кире Лазаров?
Капитенот на репрезентацијата ја напушти играта во 11. минута, поради повреда на задниот бутен мускул.
Лазаров со болна гримаса, потскокнувајќи, ја напушти „Вараждин Арена“, а деталните лекарски прегледи, кои се закажани во текот на денешниот ден, ќе ја дадат сликата околу состојбата на нашиот најдобар ракометар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …