Филип Миркуловски: Шансите се фифти-фифти, но имаме сили за историско полуфинале!

Во македонската ракометна репрезентација шест играчи имаат одиграно по 22. натпревари на Европските првенства, во таа група е и Филип Миркуловски, кој воедно има и постигнато 55. голови на сите досегашни дуели.
Во пресрет на вечерашниот натпревар против селекцијата на Шпанија, Миркуловски очекува да биде израмнето до крај на натпреварот.
„Шпанија е селекција од самиот врв, најнезгоден противник со кого ќе играме на ова ЕП бидејќи имаме сличен систем, слична игра и ќе биде тежок дуел. Очекувам да биде израмнето до крај како на претходните дуели, можеби ќе имаме предност поради навивачите. Шансите се 50-50, а доколку победиме со ’една нога’ ќе бидеме во полуфинале. Трите дена беа добредојдени, одморивме и ги саниравме повредите, трениравме го анализиравме противникот и треба да ја дадеме најдобрата партија за да победиме. Имаме сили, иако се потрошивме во првиот круг. Играме за тој чекор понатаму и ќе играме за тоа историско полуфинале и со помош на навивачите да го постигнеме тоа полуфинале“, изјави Миркуловски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …