(ВИДЕО+ФОТО) После битката со ракот Шенон Доерти се вратила: „Работата те враќа во живот и ти дава сила да го победиш немилосрдното чудовиште“

Глумицата на која во 2015. година и бил дијагностициран рак на градата,се вратила на работа. На претставуавњето на својата нова серија „Heathers“ дошла со насмевка и позирала пред фотообјективите на црвениот тепих…
Шенон Доерти (46), во класичен црн костум и ролка, пристигнала на премиерата на серијата „Heathers“ во која ја репризира својата улога од истоимениот филм.
Доерти откако го победила ракот одлучила да се врати на работа. Глумицата најпозната по улогата во култната серија „Беверли Хилс“ од 2015. година кога и бил дијагностициран рак на градата минала мастектомија, хемотерапија и зрачење.
Целиот процес Шенон го документирала и објавувала на социјалните мрежи со цел да помогне и ја олесни болката на жените кои се болни од рак но и на нивните семејства. „Не сте сами“ порачувала глумицата.
Шенон раскажала дека нејзиното куче Боуви прв и го „открил“ ракот.


„Неколку дена по ред ме мирисаше точно на местото каде ми го открија туморот. Кога отидов на лекар и ми рекоа дека сум болна, сфатив дека Боуви е во право“ рекла Доерти.
Иако болеста е отсутна од април минатата година, глумицата и понатаму има стравови.

„Се затекнуваш себе како размислуваш ’Аа, ме болат и коските. Дали тоа значи дека имам и рак на коски?’.Не минува ден, а после будењето да не се запрашам дали е тоа нормално? Тогаш си удирам шлаканица и си велам дека се’ е во ред и дека сум смешна“ раскажала глумицата кој се радувала на враќањето на сетот.
„Кога глумецот е болен, го сместуваат ’во клупа’ бидејќи претпоствуваат дека е премногу слаб. Но, факт е дека работата те враќа во живот и ти дава сила да го победиш немилосрдното чудовиште“ рекла Шенон пред снимањето на филмот „Heathers“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …