Пеле во болница или одмора дома?

„Бразилската фудбалска легенда, Пеле, бил итно пренесен во болница откако колабирал поради замор“ пренесоа светските медиуми.
За 77.годишниот Пеле овој викенд во Лодон, Асоцијацијата на спортски новинари, организирала вечера во негова чест, но тој морал да го откаже своето присуство.
„Над Пеле се направени неколку тестови кои покажуваа сериозен замор“, велат лекарите и додаваат дека не станува збор за посериозно заболување. Изминативе години Пеле беше лекуван од проблеми со бубрезите и со простатата.
Но, неговиот гласноговорник за ББЦ информациите дека Пеле е во болница ги нарекол лажни вести.
„Тој само не сакаше да прави толку долг и стресен пат до Лондон, менувајќи повеќе аеродроми авиони. Тоа е се’“ вели Хозе Форнос Родригез.
Во својата кариера Пеле освои три Светски првенства во фудбал, има 1363 настапи на кои има постигнато 1281 гол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …