(ФОТО) Водици се прослави и во Загреб, крстот во рацете на Петар Симонов

Македонските навивачи ја продолжија традицијата на големите ракометни натпреварувања за време на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Околу 50 Македонци верскиот празник Водици го прославија во Хрватска, во црквата „Св. Злата Мегленска” во Загреб. Повеќегодишната традиција – фрлање на крстот за Водици му донесе среќа на Петар Симонов од Скопје. Присутните си посакаа здравје и се разбира, уште победи за македонската репрезентација на Европското првенство.
Парохискиот свештеник во македонската првославна црква во Загреб упати и благодарност до претседателот на РФМ и прв човек на „Алкалоид”, Живко Мукаетов за помошта што ја дава за изградбата на новиот македонски православен храм во Загреб и му врачи сребрена монета со ликот на Св.Злата Мегленска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …