(ФОТО) Македонец од Канада нуди престој во Вараждин за двајца кои ќе навиваат за Македонија: Условите се безначајни!

Фантастичните игри на македонската ракометна селекција на Европското првенство (ЕП) во Хрватска не воодушеви само во нашата држава, туку рамнодушни на големото срце на избраниците на Раул Гонзалес не останаа ниту нашинците од дијаспората. Особено тие од прекуокеанските земји кои немаат никаква можност да дојдат и во живо да ги бодрат жолто-црвените во вториот круг натпревари.
Но, огромната желба барем на некој начин да биде дал од оваа магична атмосфера која изминатава недела владее во Загреб, а сега се пресели во Вараждин донесе и невообичаени потези на дел од Македонците кои живеат од другата страна на Атлантикот.
Некако најуникатен е потегот на велешанецот Тони Темелковски од Велес, кој на Фејсбук понуди да ги плати трошоците за две лица кои сакаат да ги следат средбите на Македонија од втората фаза. Тој го плаќа ноќевањето, билетите како и патните трошоци, додека на среќниците е само самите да ја организираат авантурата.
„Донацијата е од срце, поради тоа што би сакал да сум таму, но не можам. Оваа прилика не ја користам за фалење, ниту за привлекување внимание, чисто сакам да ја поттикнам дијаспората и сите кој ги следат ракометарите од пред малите екрани, а не се во можност да бидат таму, да донираат како мене за поддршка на нашата силна репрезентација! За МАКЕДОНИЈА!“, напиша Темелковски.

Единствено што иселеникот со срце големо како планина бара од нив е да му испратат фотографии и видеа од атмосферата во Вараждин. За да почуствува како и тој да е дел од феноменот наречен навивачка фаланга.

Извор: Sport1.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ГРД СУДИР НА ИНТЕРЕСИ: Норвешкиот научник кој ја откри врската помеѓу вакцината на АстраЗенека згрутчувањата на крвта пет години добивал пари од Фајзер!

Кампањата за вакцинација беше сериозно погодена од веста дека вакцината на АстраЗенека формира згрутчување на …