(ВИДЕО) Возбуда и снаодливост: Раул и Кире се договараа на шпански!

Познато е дека нашиот селектор Раул Гонзалес научи македонски и се труди максимално да им се доближи на репрезентативците и на нивен јазик да им ги даде потребните совети.
Така беше и вчера на мечот со Германија. Но, на последниот тајмаут кога се договараше тактиката за последниот напад, после дискусиите, прашањата…Раул се предаде…
Се сврте кон Кире Лазаров и на мајчин – шпански јазик – со него ги договори последните тактички потези. Кире исто така му одговори на шпански и двајцата задоволни, со насмевки, го продолжија мечот.

Логичко решение со оглед на тоа што Кире во Шпанија како играч на Реал, Барселона и Атлетико Мадрид мина повеќе години и одлично го зборува шпанскиот јазик.
Нашите репрезентативци беа малку изненадени од овој потег, но најважно е што Кире го разбра и на соиграчите им ги пренесе неговите совети…
Возбудата и брзината беа причина Раул полесно да се изразува на шпански, што е и нормално, нели.



А лажен цепелин ?! 😂😂🤣Столе ти си наша иконааа 🖼🇲🇰

Posted by Mario Ivanovski on Mittwoch, 17. Januar 2018


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …