Натпреварот, од последното коло на третата група, помеѓу Македонија и Германија го следеа голем број навивачи. Секако, побројна и погласна, а на крајот и посреќна беше македонската фаланга.
Но, колку се’ било во духот на спортот и ферплејот кажува видеото од двајца германски навивачи кои на својот мобилен снимиле една од „навивачките песни“…
Двајца германски навивачи, облечени во дресови на својата репрезентација, спортски ја поздравиле македонската репрезентација, како што забележал Никола Богатинов во своето видео објавено на Фејсбук.Тие ја испеале, колку што умеат „Излези момче“…
Погледнете:
Pravi MAKEDONCI
Posted by Nikola Bogatinov on Mittwoch, 17. Januar 2018