(ВИДЕО+ФОТО) Неодолив момент кога Кејт Мидлтон ја понел мајчинскиот инстинкт: Го прекршила протоколот да не ги разочара дечињата!

Убавата војвотка не успорува со званичните обврски ниту во поодминатата бременост, а со своите постапки ја воодушевува јавноста…
Војвотката од Кембриџ,Кејт Мидлтон,ниту во 6. месец на третата бременост не успорува со своите званични обврски, па така вчера посетила едно основно училиште во Лондон.


За таа пригода Кејт избрала опуштена комбинација во која скоро никогаш не ја гледаме – тренерки и патики, за да што покомотно може да се движи додека си игра со малечките ученици.

loading...


Меѓутоа, кога дошол крајот на нејзината посета, децата послушно стоеле во ред да се ракуваат со Кејт и при тоа и приредиле момент за памтење.


Имено, она на што никој не сметал е дека секое дете буквално на убавата Кејт ќе и се фрли во прегратка.Војвотката била видно воодушевена од непосредноста на дечињата па дури и клекнала за да може убаво да ги прегрне.



Со тоа го прекршила строгиот протокол по кој членовите на кралското семејство не смеат да имаат било каков физички контакт со „обичните“ луѓе, освен ракување.


Иако имало доста деца, војвотката за секое имала трпение и прегратка.


Погледнете како минала оваа неодолива средба:

Инаку, тоа била втора обврска, вчера, на убавата војвотка. Пред посетата на училиштето посетила реновирано оделение на една болница во Лондон во која се трудела да го расположи најмладите пациенти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …